Почетна Убавина и здравјеДа ги испееме заедно безвременските хитови на нашиот единствен Тоше! – Убавина и здравје

Да ги испееме заедно безвременските хитови на нашиот единствен Тоше! – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Повеќе од 15 музички ѕвезди на иста сцена, во чест на најголемата наша музичка ѕвезда!

Голем трибјут концерт за Тоше по втор пат во Штип! После одличниот прв концерт минатата година, Штип на 21. август повторно е домаќин на концертот во чест на нашата поп икона Тоше Проески.

Повеќе од 15 музички ѕвезди на иста сцена, во чест на најголемата наша музичка ѕвезда!

5-часовен спектакл и ноќ исполнета со емоции. Повелете на магична ноќ на емоции, ноќ на музика, ноќ за Тоше! Да ги испееме заедно безвременските хитови на нашиот единствен Тоше!


Поврзани објави

Концертот има хуманитарен карактер – дел од средствата ќе бидат донирани за реконструкција на улицата Тодор Проески во Крушево.
Влезници во претпродажба по промотивна цена во City Point Tobacco – Штип.

Еве ја и комплетната програма:

  • Во период од 10:00 до 16:00ч. во Домот на млади ќе реализираме крводарителска акција “Биди хуман како Тоше”. Ја продолжуваме хуманата мисија на Тоше. Секој крводарител ќе добие гратис влезница за концертот и пакет производи од нашите пријатели.
  • Во 20:00 часот настапуваат ѕвездичките од „Весело Штурче” кои во хор ќе интерпретираат композиции од Тоше.
  • Од 21:00 започнува главниот сегмент од ноќта посветена на нашиот Тоше. Со unplugged изведба, концертот го отвораат Duo Bright & Lili Аcoustic. По нив, на сцената настапуваат The Hounds со свој аранжман на неколку песни од Тоше. Потоа настапуваат: Мартинијан Кириловски, Андријана Петрушовска, Антониа Гиговска, Бени, Дани, Мики Секуловски, Наташа Малинкова, Атанас Петров, Марија Данева, Виолета Арсовска & Виктор Манев, Зоран Илиев, Огнен Здравковски…
  • No End & Friends ќе бидат бендовска поддршка на изведувачите
  • Водители: Миро Кацаров и Верица Донев (Backstage)