Почетна Убавина и здравјеНА ТАГАТА Ѝ НЕМА КРАЈ, ПОЧИНА НОВИНАРКАТА АНЕТА ЃОШЕВСКА – пријателите и колегите се простуваат на социјалните мрежи

НА ТАГАТА Ѝ НЕМА КРАЈ, ПОЧИНА НОВИНАРКАТА АНЕТА ЃОШЕВСКА – пријателите и колегите се простуваат на социјалните мрежи

од nenad
2 минути читај за

Се известуваат сите роднини, пријатели и колеги, дека доцна вчера почина почитуваната новинарка Анета Ѓошевска.

Ме разбуди алармот во 6 часот и првата порака беше од твојата другарка, па отворив друга социјална мрежа гледам ми пишала и твојата прва братучетка. Веднаш знаев дека со тебе нешто не е во ред но не сакав да поверувам.

Се дружевме 20 години, од мојата 19та кога прв пат се вработив во телевизија. Одевме заедно на сите настани.  Спиевме во иста соба. Ме зема со тебе на првите концерти надвор од Македонија. Ме научи многу за новинарството, ме советуваше дека се е минливо и дека иако професијата што ја работиме е исклучително стресна, не треба се да си земам при срце и треба порелаксирано да ги прифаќам и професионалните и животните ситуации. Те критикував дека не постираш многу твои фотографии, ми велеше – на кого му е гајле каде сум била, што сум јадела и што сум пиела. Уживај си во животот, мислиш некој се замара со нас??? Можно е да беше во право. Кога се спремав за кафе со тебе дома викав одам на кафе со Ани ми треба некој да ме посмее. Тоа најдобро го правеше. Сите ги смееше… никогаш со критикувачки тон. Никогаш да понижиш, да омаловажиш… најчесто се шегуваше на своја сметка а нашите реакции беа „Како ти текнува ова?“ 

Душа како памук, срце отворено и чисто, никогаш задни намери, никогаш ништо зад грб, со тебе луѓето беа на чисто.

Не сакам да пишувам за тебе во минато време и ќе ти кажам дека сум ти МНОГУ ЛУТА…ДЕНЕС ПРВ ПАТ НЕ МЕ НАСМЕА. Но тоа го направи ненамерно…

Светол нека ти е патот кон вечноста мила моја Ани…засекогаш ќе живееш во нас!

Анета Ѓошевска е родена во Скопје, во 1978 година. Средно образование заврши во гимназијата Јосип Броз Тито, а студираше на правниот факултет во Скопје, на Универзитетот Кирил и Методиј

Речиси целиот свој работен век го помина во редакцијата на Вечер во културната и забавната редакција, а неколку години работеше и за странска компанија

Поврзани објави

Ќе остане запаметена меѓу најблиските, кај колегите и пријателите по вродената харизма за шега, ведриот и колегијален дух и професионалноста.

Посмрните останки ќе бидат изложени денес во 12.30 во капела на градските гробишта Бутел, додека погребот ќе биде извршен во 13.30 часот на гробиштата во Бутел.

Од Анета преку социјалната мрежа фејсбук се простуваат бројни пријатели и колеги.

 

Текст: Татјана Пуленџовска