Пејачката јавно проговори за односот со поранешниот сопруг и борбата како самохрана мајка
Јелена Карлеуша повторно ја вознемири јавноста со отворени и тешки обвинувања на сметка на поранешниот сопруг Душко Тошиќ. Во интервју, пејачката откри дека тој не плаќа алиментација за нивните ќерки Атина и Ника, нагласувајќи дека целата грижа и финансиска одговорност паѓа на нејзин грб.
Како што истакна, таа и Душко немаат никаков контакт по разводот, иако децата со таткото имаат добар и нормален однос. Карлеуша призна дека со месеци се обидува проблемот да го реши преку адвокати и надвор од медиумите, но без успех, поради што решила јавно да проговори.
Поврзани објави
Пејачката нагласи дека нејзината борба не е само лична, туку и во име на сите жени кои се соочуваат со истиот проблем. Таа потсети дека постои законско решение според кое државата ќе ја исплаќа алиментацијата, а потоа ќе го гони родителот кој не ги исполнува своите обврски.
И покрај сè, Карлеуша изјави дека не му посакува ништо лошо на поранешниот сопруг, бидејќи тој е татко на нејзините ќерки. Таа истакна дека Атина и Ника се нејзин приоритет и дека, без разлика на околностите, секогаш ќе им биде најголема поддршка во сè што ќе изберат во животот.
Printscreen/Youtube – novo jutro – karleusa