Почетна Убавина и здравјеПрекрасна оаза за летен одмор со интересна погодност – Убавина и здравје

Прекрасна оаза за летен одмор со интересна погодност – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



На италијанскиот остров Елба времето речиси никогаш не го расипува одморот, а хотелите нудат посебна погодност – доколку за време на вашиот престој заврне дожд подолго од два часа во текот на денот, ноќевањето за тој ден нема да ви биде наплатено.

Оваа необична понуда е дел од промотивната кампања „Елба без дожд“, која важи во одредени периоди од годината – од почетокот на мај до крајот на истиот месец и повторно од средината на септември до крајот на октомври. Правилото е јасно: ако дождот трае подолго од два часа помеѓу 10 и 20 часот, имате право на поврат на парите за тој ден од престојот. Оваа понуда не се однесува на оброците, туку исклучиво на цената на ноќевањето.

Географската положба на Елба често придонесува за брзо разведрување – морските ветрови носат облаци, но уште побрзо ги разбркуваат, па долготрајниот дожд ретко кога ги задржува посетителите затворени во своето сместување. Според статистиката, за време на пролетните месеци има многу малку денови со поголеми врнежи.

Островот Елба, инаку е најпознат по тоа што тука бил во егзил Наполеон Бонапарта, а денес нуди обиколка на неговите некогашни резиденции, заедно со сите убавини на медитеранскиот брег – од кристално чисто море до мирни плажи и недопрена природа.


Поврзани објави

Во кампањата годинава учествуваат 14 хотели и сместувачки капацитети, а за да ја искористите оваа погодност, доволно е при резервација преку електронска пошта да наведете дека сакате „Елба без дожд“ тарифа.

Со други зборови – ако ве изненади времето, барем хотелот нема.

Текст: Убавина и здравје