Популарниот водител со провокативна шега предизвика хаос во емисијата „AmiG Show“.
Во најновата епизода на својата емисија „AmiG Show“, водителот Огњен Амиџиќ повторно покажа зошто е познат по необичните и често провокативни прашања. Гости му беа пејачите Милан Митровиќ, Теа Таировиќ и Амел Ќеман – Ќемо, а атмосферата стана вжештена во делот „Што би повеќе“.
Амиџиќ го праша Милан што би му било поприфатливо – да го видат како излегува од геј клуб или да го препознаат во филм за возрасни. Пејачот се пошегува дека би избрал второто, откривајќи дека некогаш дури имал и понуда да настапи во геј клуб.
Во истиот дух на шеги, Огњен додаде:
Поврзани објави
И јас бев геј некогаш, па се вратив!“
Во студиото за момент завладеа целосен молк, бидејќи сите мислеа дека зборува сериозно.
Само неколку секунди подоцна гостите сфатија дека станува збор за хумор, па атмосферата повторно се опушти. Провокативната изјава на Амиџиќ брзо стана тема број еден на социјалните мрежи.
printskrin Youtube – iz profila ogi amidzi