Речиси три децении е дел од Македонската телевизија, а и денес ја препознаваме по истата смирена енергија и едноставниот пристап кон животот. Тања открива што според неа навистина стои зад негуваниот изглед.
Речиси три децении по првиот работен ден во Македонската телевизија, Татјана Тања Петровска и понатаму е едно од препознатливите лица на малите екрани. Во МТВ започнала во 1997 година, а интересно е што оттогаш нема ниту еден ден работен стаж на друго место.
Заедно со Орце Гелевски, со години е заштитно лице на емисијата „Фолк Џубокс“, каде што публиката ја препознава по мирниот глас, природниот настап и позитивната енергија.
Тања често зборува за убавината на начин што е далеку од опседнатоста со изгледот. Според неа, негуваниот изглед започнува одвнатре – со внатрешна исполнетост, добра мисла и пристојна грижа за себе.
Внимава на исхраната, а летото го користи за одмор покрај море. Нејзиниот став е дека козметиката може да помогне, но не може да го замени начинот на кој човек се чувствува и живее.
Љубовта ѝ е уште една важна состојка
Петровска веќе неколку години е во стабилна врска со поранешниот фудбалски репрезентативец Љупчо Марковски – Калц. За него често зборува како за човекот кој ѝ недостигал за да се чувствува целосно исполнета.
И можеби токму во тоа се крие нејзината филозофија. Како што самата сака да каже:
Добриот човек убаво старее.“
Нејзините фотографии од плажа и денес покажуваат дека таа верува во сопствениот рецепт – помалку оптоварување со годините, а повеќе уживање во животот.
ФОТО: printskrin youtube – iselenicki dzuboks и Фејсбук/ Татјана Тања Петровска