Почетна Убавина и здравјеДејан Манасков и Билјана го крстија синчето покрај Охридското Езеро, ова име го доби млечкиот (ФОТО)

Дејан Манасков и Билјана го крстија синчето покрај Охридското Езеро, ова име го доби млечкиот (ФОТО)

од nenad
1 минути читај за



Во идиличниот крај Калишта, со најблиските и кумовите покрај себе, семејството Манасков го прослави посебниот ден.

Со прекрасна глетка кон Охридското Езеро и во друштво на најблиските, Дејан Манасков и Билјана Стојановска го одбележаа еден од најважните семејни моменти – крштевката на нивниот син Давид.

За свечениот ден, сопружниците го избраа местото Калишта,  кое очигледно има посебно значење за нив. Билјана сподели фотографии од прославата и откри дека токму покрај „најубавото наше езеро“ го оствариле она што го посакувале.

Посебен дел од прославата имаа и кумовите Гоце и Елена Ојлески. Тие позираа со семејството покрај езерото, а фотографиите дополнително ја доловија топлата и семејна атмосфера од свечениот ден.

За крштевката, семејството се одлучи за елегантни комбинации во светли тонови, кои совршено се вклопија со амбиентот. Дејан и Билјана се венчаа на 31 јануари годинава во Скопје, а набргу потоа станаа родители на малиот Давид, кој сега го прослави и својот посебен ден.

Screenshot Instagram