Почетна ЕкономијаПо правење зимница оставиле пепел со жар: пожар зафатил викенд-куќа во Горно Соње

По правење зимница оставиле пепел со жар: пожар зафатил викенд-куќа во Горно Соње

од nenad
1 минути читај за

Викенд-куќа и околниот простор со трева биле зафатени од пожар што вчера вечерта избувнал во Горно Соње, скопско. Во инцидентот нема повредени лица, информира Министерството за внатрешни работи.

Пожарот бил пријавен во СВР Скопје на 6 октомври, околу 19:50 часот, по што полициски екипи излегле на местото на настанот.

Таму бил извршен разговор со 74-годишниот сопственик на викенд-куќата, кој објаснил како дошло до пожарот.

Според неговата изјава, тој и неговата сопруга претходно подготвувале зимница. По завршувањето, пепелта од ќумбето ја истуриле во близина на куќата, а потоа го напуштиле објектот.

Се претпоставува дека во пепелта останал жар, кој подоцна го предизвикал пожарот.

Огнот ја зафатил викенд-куќата, а пожарот се проширил и на тревата во непосредна близина.

На терен интервенирала Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, чии екипи успеале да го локализираат и изгаснат пожарот.

Во настанот нема повредени лица, а надлежните служби продолжуваат со утврдување на околностите под кои избувнал пожарот.