Почетна Убавина и здравјеОва е човекот што му наоѓа маани на совршенството! – Убавина и здравје

Ова е човекот што му наоѓа маани на совршенството! – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Овој Јапонец се осмелил да го поправи совршениот автомобил и така заработил милиони

Сè започнало така што Акира Накаи добил Порше на коешто му требало ситна поправка. Тој го откупил автомобилот од сопственикот и започнал сопствен брендинг на овој автомобил. Додека работел, постојано го пиел своето омилено пиво, по кое подоцна доработеното Порше го добило името.

Сите оние што поседувале Порше, сакале токму нивниот модел да им биде персонализиран. Во тоа им помогнал Акира Накаи, кој заработува за живот така што го поправа совршенството.

Додека седи во фотелја од 1980-тите, околу него цигари, кафе и алкохол. На нозете домашни влечки, а тој облечен во пижами. Пуши и гледа во паркираното Порше во неговата гаража. Порше кое само што излегло од продавница, довезено директно до Акира, а тој размислува како да го поправи, разубави, персонализира.


Поврзани објави

Акира денес има 54 години. За него не се знае ништо, освен дека е експерт за „надградување“ Порше. Не се знае дали има семејство, жена, деца… Се знае само дека основал фирма што се вика „Тежок свет“ и која заработува милиони така што ги поправа најновите модели на Порше.

А сопствениците на еден од најскапите автомобили му веруваат на Акира. Толку му веруваат што создале култ од овој човек. Купишта обожаватели ѕиркаат низ прозорецот на неговата работилница, гледајќи што работи Акира. А тој седи, пуши и гледа во Поршето додека му се укаже визија како да го поправи.

Замислете само: неговата работа е да го поправи совршенството!

ФОТО: Инстаграм