Почетна Убавина и здравјеДеми во креација што најдобро им стои на жените над 60 години: Сите се согласуваат дека ова е нејзиното најдобро издание во Кан!

Деми во креација што најдобро им стои на жените над 60 години: Сите се согласуваат дека ова е нејзиното најдобро издание во Кан!

од nenad
1 минути читај за

Деми Мур се појавила на ручекот организирана за судиите на Канскиот фестивал во бела креација што најдобро им стои на жените со 60+ години

Белата е боја што одлично ѝ стои на Деми Мур. Актерката се појавила на свечен ручек организиран за судиите на Канскиот фестивал и во таа пригода прошетала во бела креација со бела чанта и бели обувки.

Деми изгледала шик и многу елегантно, во склад со своите години.

@madamefigarofr #demimoore at the @Ami Paris lunch during the @FestivaldeCannes #festivaldecannes #Cannes2026 #rogervivier #ami ♬ Young And Beatiful – Belinda

Членовите на жирито на Канскиот фестивал – Рут Нега, Стелан Скарсгард и Деми Мур – грицнале неколку залачиња зеленчук и морски плодови од обилните јадења што само продолжувале да се нижат за време на ручекот на Ами Парис по повод Неделата на критичари.

Деми Мур се сетила на својот прв Кански фестивал.


Поврзани објави

„Дојдов како придружба на отворањето на фестивалот поради филмот ‘Петтиот елемент’, и тоа беше многу величествено и супер возбудливо“, рекла таа за настанот од 1997 година.

Мур дошла на ручекот во придружба на својот стилист, Бред Горески.

„Па јас сум голем фан на брендот Ами Парис, исто како и Деми. Сакавме нешто што изгледа баш како од југот на Франција, многу лесно и лежерно за носење“, рекол тој за комплетно белиот изглед.

А како успеале да спакуваат дневни и вечерни модни комбинации за цели две недели?

„Многу внимателно“, се пошегувал тој.

ФОТО: Инстаграм, ТикТок