Почетна ЕкономијаНиколоски на Фејсбук: Одлична вест за македонските транспортери

Николоски на Фејсбук: Одлична вест за македонските транспортери

од nenad
1 минути читај за

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, на својот профил на Фејсбук сподели вест дека во Република Хрватска е донесен закон кој им овозможува на професионалните возачи да добиваат визи со подолг рок на важење.

“Во Хрватска е усвоен законот со кој професионалните возачи ќе можат да добиваат долгорочни визи.”

Ова претставува напредок кон надминување на предизвиците кои се појавија по имплементацијата на ЕЕС системот во Шенген зоната.

“Овој закон многу ќе помогне на македонските професионални возачи”, потенцираше Николоски во неговата објава.

Тој додаде дека оваа мерка е исполнување на договорот постигнат со неговиот хрватски колега, вицепремиерот и министер Олег Бутковиќ, постигнат во јануари оваа година. “Швајцарија веќе издава долгорочни визи. Очекуваме и други држави да се приклучат. Продолжуваме кон конструктивни решенија за нашите професионални возачи”, објави вицепремиерот Николоски.

вј/Фото: ФБ Александар Николоски.
Извор: МИА