Почетна ЕкономијаДанска го започнува своето шестмесечно претседателство со Советот на ЕУ со официјална церемонија во Орхус

Данска го започнува своето шестмесечно претседателство со Советот на ЕУ со официјална церемонија во Орхус

од nenad
1 минути читај за

Данска денес го започнува своето полугодишно раководење со Советот на ЕУ со свечена церемонија во Орхус, вториот најголем град во Данска.

Владата предводена од данската премиерка Мете Фредериксен ги повика претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, заедно со нејзиниот тим, како и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, на овој настан.

Според агендата, данската влада и Европската комисија најпрво ќе присуствуваат на заедничка седница на Универзитетот во Орхус, по што Фредериксен и фон дер Лајен ќе одржат прес-конференција.

Исто така, предвидена е обиколка на уметничкиот музеј „АРос“ во градот, заедно со кралот Фредерик Десетти и кралицата Мери. Данскиот кралски пар подоцна ќе организира прием на кралската јахта „Данеброг“ пред официјалната церемонија за отпочнување на шестмесечниот мандат на Данска како претседавач со Советот на ЕУ, која ќе се одржи вечерва во Градското собрание на Орхус.

Дополнително, во Орхус се одржува и европски уличен фестивал кој вклучува концерти, дискусии и заеднички оброци. На 1 јули, Данска формално го презеде ротирачкото претседателство со Советот на ЕУ од Полска.

Со слоганот „Силна Европа во свет кој се менува“, Данска планира да се посвети пред се на прашањата поврзани со безбедноста и конкурентноста на блокот во текот на следните шест месеци.