Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип денеска ќе биде домаќин на настанот „Од лабораторија до производство: наука, дигитална технологија и одржливо земјоделство“, посветен на поврзувањето на науката, иновациите и современото земјоделско производство.
Настанот ќе се одржи во просториите на Земјоделскиот факултет во Кампус 2 на УГД, а целта е да се овозможи размена на знаења, искуства и добри практики меѓу академската заедница, образовните институции, земјоделските производители, советодавните служби и приватниот сектор, во насока на развој на современо и одржливо земјоделство.
Во рамки на програмата ќе бидат организирани две тематски целини – „Отворени лаборатории – Науката низ практична работа“ и работилницата „Дигитални решенија за одржливо земјоделско производство“
Извор: МИА