Почетна Убавина и здравјеДани Димитровска со Влатко Илиевски на фотографија што стега во грлото (ФОТО) – Убавина и здравје

Дани Димитровска со Влатко Илиевски на фотографија што стега во грлото (ФОТО) – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Една фотографија од Охрид ја врати Дани во времето кога со Влатко Илиевски и Ѓоко Танески заедно ги испишуваа своите музички приказни.

Една стара фотографија беше доволна Дани Димитровска да разбуди спомени и емоции кај своите следбеници. Пејачката на Инстаграм сподели кадар стар 17 години, на кој позира заедно со прерано починатиот Влатко Илиевски и нивниот колега Ѓоко Танески.

На денешен ден, пред 17 години…“, кратко напиша Дани, оставајќи фотографијата сама да ја раскаже приказната.

Кадарот е направен во Охрид, во период кога тројцата беа дел од фестивалската атмосфера на „Охридски трубадури“ и редовно се среќаваа на македонската музичка сцена.

За Дани и Влатко тоа не беше само колегијално познанство. Двајцата беа блиски и како пријатели, а нивната поврзаност остана запишана и во музиката. Тие заедно ја снимија песната „Не те можам“, која беше дел од првиот соло-албум на Илиевски, „Со други зборови“.

printskrin Instagram


Поврзани објави

Влатко остави силен белег како пејач, музичар и актер, а публиката и денес ги памети неговите песни „Најбогат на свет“, „Пак на старо“, „И премногу добро“ и други хитови. Македонија ја претставуваше и на Евровизија во 2011 година со песната „Русинка“, а зад себе остави кариера што, иако кратка, остана длабоко врежана во домашната јавност.

Неговото ненадејно заминување во 2018 година, на само 33-годишна возраст, беше голем шок за неговите колеги и обожаватели. Тогаш Дани се прости од него со зборови што најдобро ја опишаа болката:

Влатче брату, немам зборови ни утеха! Само кнедла во грло… Засекогаш ќе ми светиш во срцето“.

А денес, 17 години по фотографијата од Охрид, една обична објава повторно потсети дека некои луѓе си заминуваат прерано, но нивната музика, насмевка и местото што го имале во срцата на блиските – остануваат засекогаш.

DANI DIMITROVSKA – YOUTUBE – mrtvunplugged