По бурниот период, Ана Николиќ и Горан Ратковиќ Рале уживаа во заеднички моменти
Пејачката Ана Николиќ и композиторот Горан Ратковиќ Рале беа фатени заедно во еден белградски трговски центар, што ги натера многумина да заклучат дека љубовта добила нова шанса. Двојката уживаше во разгледување на излозите и поминување време заедно, при што делуваше опуштено и во добро расположение.
Ана и Рале постојано „шушкаа“, се смеешкаа и делуваа многу блиски, а нивното заедничко појавување не остана незабележано од посетителите. Фановите пристапуваа кон пејачката за фотографии, а Ана, како и секогаш, беше љубезна и трпеливо позираше.
Поврзани објави
Особено внимание привлече гестот на Рале, кој ѝ го држеше капутот додека Ана разгледуваше работи во излозите, што дополнително го поттикнаа впечатокот дека врската се обновува.
Пејачката не ја симнуваше сончевата наочар, додека Рале целосно беше посветен на неа, што ги зајакна гласините дека Ана и Рале одлучиле да ја вратат љубовта во нивниот живот.
Instagram printscreen/ananikolicofficial