Толку често ги користиме што е време да се запрашаме каков ефект имаат врз нашата коса…
Косата ви паѓа на лицето? Ставете штипка за коса. Не сте имале време да ја измиете косата? Земете штипка за коса. Барате лежерен стил и не сакате да се мачите со опавче или пунџа? Тука е повторно штипката за коса.
Често нашите омилени алатки за стилизирање може да доведат до оштетување или кршење на косата. Кршењето, во најтешкиот случај, предизвикува губење на косата. Затоа е важно да разбереме како носењето штипки влијае на нашата коса.
Доколку користите шнола, воздржете се од премногу цврсто влечење за коса. Ова може да предизвика кршење на косата. Слично на тоа, ако имате навика и имате тенденција да ја носите истата фризура секој ден, бидете свесни за потенцијалните долгорочни ефекти. Ако постојано ставате ластик на истото место косата таму ќе се истенчи и ослабне. Исто така, кога вашата омилена шнола има остри метални рабови, внимавајте бидејќи може да се заглават и да ја влечат косата, што неизбежно доведува до оштетување.
Како да носите шнола без да ја оштетите косата?
Поврзани објави
Експертите се согласуваат дека шнолите може да се носат без да се оштети косата. Едноставно нежно соберете ја косата, завртете ја на скалпот, а потоа прицврстете ја со штипка. Погрижете се вашата фризура да биде тесна, но не премногу. Конечно, избегнувајте секогаш да ја ставате шнолата на истото место.
Имајте го во предвид и нејзиниот дизајн. Иако острите зашилени рабови може да одговараат на вашиот изглед, тоа може да ја оштети вашата коса. Штипки со меки рабови се многу подобра опција.
На крајот, може да заклучиме дека пресуден е начинот на изведување фризура, па така бидете нежни и внимателни кога ја стилизирате косата.
Фото: Freepik.com