Хеј друштво, јас сум Stargirl, живеам во Скопје и имам 23 години. Поттикната од мои лични искуства и интересни ситуации, а и случките на мои пријателки, одлучив сите наши смешки и будалаштини да ги преточам во напишани зборови, кои се надевам дека на убав начин ќе го исполнат вашето слободно време. Доколку сакате и вие да споделите некоја ваша интересна приказна, можете слободно да нè контактирате на [email protected].
Вака, во принцип, јас сум личност која секогаш ги планира работите, не си дозволувам да бидам спонтана, бидејќи се чувствувам посигурна во својата зона на комфорт, однапред знаејќи го исходот од ситуацијата, без разлика дали станува збор за работа или љубов. Но животот е полн со предизвици и искуства, кои го обликуваат нашето разбирање за нештата околу нас, а и самите себе. Факт е дека не можеме сè да испланираме и секогаш работите да се одвиваат според посакуваниот тек.
Неодамна првпат направив нешто што не наликува на мене, одлучив да не размислувам за последиците, мислењата на другите… Всушност, воопшто не размислував, им се препуштив на вибрациите и дозволив да уживам во моментот. Живописно се сеќавам на секој детаљ од таа вечер, мојот прв one night stand.
Секс за една вечер: да или не? Е сега, она за што јас размислував е следново: постои реална можност ова искуство да го повторам во соло-периодот, но можно е сексот со непознато момче никогаш веќе да не ми падне на памет.
Како и пријателството со бенефиции, така и сексот за една ноќ не е за секого. Станува збор за интимен чин со странец, кој ќе го сретнам таа вечер, а со него ќе завршам во кревет неколку часа подоцна. Факт е дека страста брзо се разгорува, но и уште побрзо згаснува, бидејќи, нели најверојатно тоа е нашиот прв и последен сексуален чин.
Овој однос е фокусиран на физичкото задоволство, а не на чувствата, и во тој момент може да изгледа како одлична идеја. Оние кои практикуваат секс за една ноќ уживаат во интимниот контакт со странец. За нив, тоа е момент во кој можат да експериментираат или да искусат нешто ново.
Сè на сè, сексот за една ноќ може да биде искуство за паметење, токму поради немањето обврска да премине во нешто посериозно. Од друга страна, сексот со странец може да биде просечно или лошо искуство кое не би сакале да го повторите. Ете, тоа е отприлика мојот став за сексот со странец… Но…
Беше петок, а јас бев изморена од долгата работна недела, па планирав таа вечер да останам дома, бидејќи не ми се одеше никаде. Но мојата најдобра пријателка Сара се врати од одмор и ме убеди да излеземе на коктел за да ми раскаже што ѝ се случило во Грција. Стигнавме во Локал 45, каде што атмосферата беше опуштена и пријатна. Нарачавме по еден космополитен и почнавме да трачариме. Додека седевме и се смеевме, на нашата маса пријде да нè поздрави Филип, пријателот на Сара кој живее во Америка, но ова лето одлучил да го помине тука. Со него беше и Алекс… Алекс…
Поврзани објави
Имаше нешто во неговиот начин на зборување, движење, типот зрачеше со самоувереност која едноставно опиваше. Почнавме да разговараме, неговата харизма и смисла за хумор буквално ме освоија, се чувствував како да го познавам цел живот. По два часа муабет, смеење, неколку нежни допири и погледи, ме праша дали сакам да го продолжиме разговорот на поинтимно место. Вообичаено, би била многу попретпазлива, но таа ноќ нешто во мене посака да бидам спонтана и да не ги преиспитувам своите постапки. Моментот кога одлучивме да го напуштиме локалот и да се упатиме кон неговиот стан беше полн со адреналин. Се чувствував како никогаш досега – возбудено, нервозно, но во исто време и опуштено.
Кога стигнавме кај него, беше јасно што ќе се случи, не ни разговаравме многу. Неговите прсти се лизгаа по мојата кожа, оставајќи трага од топлина и страст. Секој допир беше внимателно избран, како да знаеше точно каде да ме допре за да ја разбуди секоја клетка од моето тело. Неговите шепоти во увото ми звучеа како пријатна мелодија, ме потсетија на мојата омилена песна на Two Feet „I feel like I’m drowning“.
Утрото, кога се разбудив, го видов како ми подготвува кафе. Разменивме насмевки и кратко се поздравивме. Сексот беше неверојатен, но и двајцата знаевме дека нема да се повтори.
Таа ноќ ми помогна да разберам дека сексот не мора секогаш да биде поврзан со љубовта или долгорочна врска. Може да биде, едноставно, момент на страст и задоволство помеѓу две лица кои се нашле на истото место во вистинското време. Дури ми беше и чудно тоа што не чувствував некоја длабока емотивна поврзаност и потреба од повторна средба со него.
Понекогаш, животот ни носи неочекувани искуства, кои будат посебни делови од нашата личност. Да си дозволиш себеси да бидеш спонтан може да отвори нови врати и да ни покаже дека животот не треба да биде испланиран секогаш.
„Нема ништо лошо во тоа да уживаш, потсетете се дека сте го направиле тоа од добра причина – се забавувавте, уживавте во добриот секс и, ако сте среќница, нели, доживеавте и оргазам“, вели сексуалниот терапевт Иан Кернер.
Поентата на сексот за една ноќ е токму тоа: да се случи таа вечер и никогаш повеќе, без подлабоки емоции… Но сексот за една ноќ сепак може да се претвори во повремено дружење. Имено, антропологот Хелен Фишер тврди дека врската без обврска може да биде пат до сериозна врска.
Иако тоа не е мојот пример, сепак, имајте на ум дека секоја одлука е во ред, сè додека е во ред за вас. Потврдено од стручњаците. А кои сме ние да ѝ пркосиме на науката?!