Почетна Убавина и здравјеГрчки воен авион транспортира тројца повредени од Скопје во Атина

Грчки воен авион транспортира тројца повредени од Скопје во Атина

од nenad
1 минути читај за



Повредените ќе се лекуваат во воената болница во грчката престолнина

Тројца пациенти со тешки изгореници од трагичниот пожар во Кочани вечерва ќе бидат пренесени во Атина со грчки воен авион Ц-27. Специјализираниот транспортен авион, опремен со медицински персонал, ќе полета од воениот аеродром во Атина и по преземањето на пациентите од Скопје веднаш ќе се врати назад, јавуваат грчките медиуми.

Повредените ќе бидат згрижени во Општата воена болница 401, каде што има специјализиран оддел за третман на изгореници.


Поврзани објави

Во меѓувреме, уште неколкумина пациенти се испраќаат на лекување во различни европски центри – 12 лица се транспортирани во Србија, додека по двајца заминаа за Виена и Загреб. Во Солун веќе се лекуваат петмина настрадани.

Здравствените власти продолжуваат со напорите за обезбедување најдобра можна нега за повредените, со поддршка од повеќе земји кои нудат медицинска помош.

Фото: принтскрин – Јутјуб – Сител Телевизија