Почетна ТехнологијаЛекарите постепено ја намалуваат терапијата со кислород за Папата – МАКТЕЛ

Лекарите постепено ја намалуваат терапијата со кислород за Папата – МАКТЕЛ

од nenad
1 минути читај за

Лекарите кои се грижат за здравјето на папата Франциск, кој повеќе од еден месец е хоспитализиран во римската болница Гемели поради билатерална пневмонија, постепено ја намалуваат неговата терапија со кислород, објави вечерва Ватикан, според агенцијата АНСА. Тој сега за првпат се префрла на намален проток и „за одреден период папата може да остане без дополнителен кислород“, соопшти прес-службата на Ватикан на вечерниот брифинг. Папата Франциск, кој е на позицијата од март 2013 година, претрпе неколку респираторни кризи во болница што предизвика стравувања за неговиот живот, но неговото здравје се подобрува во последните две недели.

Од прес-службата денеска додадоа дека неговата состојба и понатаму е стабилна и дека денеска бил на физиотерапија, работел, се молел и одморал. Следниот официјален билтен за неговата здравствена состојба се очекува да биде објавен „најрано во среда навечер“. Френциск страдаше од зголемени здравствени проблеми во последниве години, но ова е најдолгата и најсериозна хоспитализација откако тој ја води Римокатоличката црква.