Скокањето јаже, во кое сите уживавме како деца, е одлична физичка вежба – се разбира, за согорување калории и функцијата на васкуларниот систем, но и за здравјето на жените во менопауза.
Оваа вежба, која секој може да ја вклучи во својата фитнес-рутина, без разлика дали е во теретана или дома, ја прават и бројни познати личности.
Актерката Хали Бери, која отворено зборуваше за своето искуство со менопаузата, изјави за Women’s Health дека прескокнувањето јаже е тајната на нејзината вита линија. Покрај неа, за придобивките од оваа вежба зборуваа и Џенифер Гарнер и пејачката Кети Пери.
Порталот Well and Good пишуваше за позитивните ефекти од скокањето јаже, опишувајќи ја оваа вежба како идеална за жените кои минуваат низ менопауза, но и по неа.
Поврзани објави
Фото: Инстаграм