Почетна Убавина и здравјеГо одзема здивот секогаш кога ќе се појави! – Убавина и здравје

Го одзема здивот секогаш кога ќе се појави! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

За Јулија Левченко велат дека е една од најубавите млади спортистки што се појавиле во поскоро време

Атлетичарката Јулија Левченко од Украина освен што плени со својата убавина, покажа дека има и огромно срце. Како една од фаворитките за освојување медал во дисциплината скок во височина на Олимписките игри во Париз, таа имаше брилијантни настапи, а околу нејзиниот врат веќе блескаат бројни признанија. Меѓутоа, во клучните моменти на теренот покажа и дека емпатијата и топлиот збор понекогаш се многу позначајни од наградите.

Имено, српската претставничка Ангелина Топиќ со сериозно повредена нога успеа да се избори за финалето. А Јулија штом ја здогледа, го прекина интервјуто, ѝ пријде, ја бакна, ја прегрна и ѝ порача дека веќе е шампионка. Овој гест многу ѝ значеше на легендарната спортистка и ја воодушеви српската јавност.

Јулија има само 26 години, но уште во детството било јасно дека поседува голем талент. Во јуниорските категории остварувала импресивни резултати, кои многупати ја доведувале до тронот.

Дебитирала во 2013 година на Светското првенство за млади јуниори во Доњецк, каде што го освоила 13. место. Во 2014 година освоила злато на Олимписките игри за млади во Нанкинг.

Поврзани објави

Веќе во 2017 година освоила бронзен медал на Европското првенство во Белград. На Светското првенство во август 2017 година во Лондон, Јулија освоила сребро.

Во февруари 2023 година се закитила со злато на затворената етапа на Светската атлетска турнеја во Мондевил. Потоа, на Европското првенство во Глазгов дошла до сребро. На Олимписките игри завршила како петта на листата.

Војната ѝ го променила животот

Од пред две години, кога започна војната меѓу Русија и Украина, ништо веќе не е исто за оваа прекрасна русокоса. Тогаш, поради ново настанатата ситуација, била принудена да ја паузира кариерата.

„Не знаев дали ќе преживеам, а не пак дали ќе продолжам да се натпреварувам“, рекла таа во едно интервју за „Гардијан“.

Атлетичарката сè уште живее во Киев, му се врати на спортот што најмногу го сака и се надева на историски резултати.

ФОТО: ПРИНТСКРИН, ИНСТАГРАМ