Лепа Брена откри детали за најинтимните моменти со сопругот Боба Живојиновиќ, кои кај многумина предизвикаа чудење…
Во едно интервју, популарната пејачка Лепа Брена се присети на времето кога двајцата биле млади и нивната страст била толку силна што цел кат од еден хотел морал да се реконструира поради нивната интимност!
Кога Боба и јас се запознавме, шест дена не излегувавме од собата. Јас сум веќе баба, ама што, мислите дека немавме моменти кога **шест дена не излеговме од собата? И да, беше жешко – му благодарам на Бога што беше! Тоа се случи кога требаше,“ изјави Брена со насмевка.
Таа откри дека четвртиот кат од хотелот морал да се реконструира поради „последиците“ од нивната страст – ѕидовите пукнале од активностите, па морале да ги обноват!
Поврзани објави
Бевме само на вода, дојде храната… Но на кого му е до храна во таков момент? Нема храна, само вода!“ – додаде Брена.
Лепа Брена за школските тепачки
Во истото интервју, Брена зборуваше и за детството – дека многу се тепала во основното училиште. Со насмевка призна дека не можела да прифати дека „машките се посилни“, па се впуштила во жестоки пресметки со другарите, влечејќи се за коса и удирајќи ги сораце и нозе!
Бев многу живо дете. Во прво одделение се степав со едно момче кое ми рече да станам од школската клупа. Му реков: ‘Марш!’ И, ете ме – борба каква што никој не очекуваше!“ – раскажа легендата.