Двапати размислете дали ќе пливате со овие „мирољубиви дадилки“…
Ела Јерковиќ, позната хрватска инфлуенсерка, неодамна беше касната од ајкула на Малдиви.
Како што изјавила за медиумите, за време на престојот на островот, пливала со ајкули, но една ја каснала.
Пливањето со ајкули отсекогаш било моја желба. Станува збор за безопасен вид за луѓето, ајкула „дадилка“, која вообичаено јаде риба“, изјави Ела за порталот „Слободна Далмација“.
Таа и групата што пливала со ајкулите добиле инструкции како да се однесуваат со нив и да не ги допираат и да не се обидуваат да ги погалат, да не прават ненадејни движења со рацете и да не се туркаат меѓу нив.
Ми дојде редот да влезам во морето и да нурнам меѓу ајкулите додека водичот ме снимаше со подводна камера. Секако дека ги почитував сите правила, и додека сè уште бев на површината на водата, водичот ми објасни во која насока да нуркам. Почувствував каснување од десната страна. За момент бев шокирана, но не почувствував никаква агресија од ајкулата, почувствував како случајно да ме каснала. Имајќи предвид дека водичот фрлаше риба во мојата непосредна близина, мислам дека ајкулата по грешка ме касна за раката, бидејќи не продолжи да ме напаѓа“, рече Ела.
Како што вели, иако овој вид не е опасен за луѓето, смета дека ајкулата можела да ѝ нанесе многу посериозни повреди доколку сакала, односно да ја нападне, не само да ја касне поради „забуна“.
Само ме касна, ме пушти и продолжи да плива. Знаев дека не треба да паничам, не ја испровоцирав, туку мирно излегов од морето на бродот за да не предизвикам паника кај преостанатите туристи кои беа во водата. Да почнев да врескам и да паничам, секој што беше во морето во тој момент веројатно ќе го прекршеше главното правило, а тоа е да не се мавташ со рацете и нозете“, вели хрватската инфлуенсерка.
Ела вели дека била свесна дека такво нешто може да се случи и дека навистина не е изненадена.
Сепак, влегов на нивна територија и не сум изненадена од оваа ситуација. Сè на сè, тоа беше интересно искуство, сè помина добро. Кога се качив на бродот, водичите ми ја измија раната со јод и алкохол. Тоа беше доволно, немав некаков воспалителен процес околу раната, па не побарав дополнителна медицинска помош, ми остана само ‘мангупска’ лузна како сувенир на едно од најдобрите патувања на кои сум била“, рече Ела.
Извор: blic.rs
Видео: Инстаграм @elaajerkovic