Почетна Убавина и здравјеЕве што консумира Новак Ѓоковиќ за време на паузите на мечот – Убавина и здравје

Еве што консумира Новак Ѓоковиќ за време на паузите на мечот – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Еден од најдобрите светски тенисери откри што јаде секој пат за време на паузите на тенискиот натпревар.

Новак Ѓоковиќ на една прес-конференција откри што консумира на теренот, за време на паузите од мечот.

Банани, урми и вода. Навистина не ми е јасно, секој пат е истото, а тие се’ уште не разбираат. Ми носат јаболко. Какво јаболко, човеку. Потоа наоѓам круша, без урми“, рече Новак, смеејќи се со новинарите.

Познато е дека овие намирници всушност ги има речиси во секоја продавница и многу се достапни за секого.


Поврзани објави

Урмите имаат доста импресивни здравствени придобивки. Покрај изобилството на витамини и минерали, тие се богати со антиоксиданси, го поддржуваат здравјето на дигестивниот систем, ги штитат мозокот и срцето и го зголемуваат нивото на енергија и кондиција.

Три урми содржат околу 200 калории, 54 грама јагле-хидрати со околу пет грама влакна, еден грам протеини и немаат масти. Оваа количина, исто така, обезбедува помали количини на широк спектар на хранливи материи, вклучувајќи витамини Б, витамин К, калциум, железо, магнезиум, калиум, цинк и манган.

Покрај ова суперовошка, Новак Ѓоковиќ консумира и банани, кои содржат три природни шеќери – сахароза, фруктоза и гликоза – и во комбинација со влакната се совршени за моментално зголемување на енергијата.

Истражувањата покажаа дека консумирањето само две банани дневно обезбедува доволно енергија за напорен тренинг од деведесет минути.

Фото: Инстаграм (@djokernole)