За жешкиот ден во градот, Џенифер Лопез облекла црн, широк комбинезон што го открива деколтето и грбот
Џенифер Лопез била видена во град со поќерката Вајолет Афлек на шопинг. За таа пригода, Џенифер облекла црн, широк комбинезон што ѝ ги откривал грбот и деколтето.
Актерката и пејачката го искомбинирала ова парче со рамни сандали и црна чантичка што одлично го надополниле целиот стајлинг.
Насмеана и опуштена, Џенифер самоуверено чекорела во комбинезонот што им прилега на сите жени. Совршен крој што ги крие вишокот килограми, а сепак ја нагласува женственоста.
Поврзани објави
Овој комбинезон е за сите оние жени на кои им треба парче за сите пригоди, а кое секогаш добро стои.
Со ефектен накит и добро средена фризура, ова обично парче може да се претвори во гламурозен стајлинг.
И додека Џенифер се дружела со постарата ќерка на Бен, тој за тоа време бил виден како се вози на мотор и како заминува во својата изнајмена куќа. Тие речиси два месеца се разделени, а Бен веќе ја извадил и својата бурма. Прашање на време е кога ќе ја објават веста за разводот, тврдат медиумите.