Почетна Убавина и здравјеПодобро сама и спокојна отколку во брак и несреќна: Порака за разведените жени што предизвика внимание

Подобро сама и спокојна отколку во брак и несреќна: Порака за разведените жени што предизвика внимание

од nenad
2 минути читај за

Ивана Божиновска со објава на социјалните мрежи отвори тема за која сè уште ретко се зборува без предрасуди – општествениот однос кон разведените жени и притисокот да се зачува бракот по секоја цена.

„Не е секоја жена без сопруг несреќна, ниту, пак, секоја жена што има сопруг е сакана“, порачува Божиновска во својата објава.

Целиот текст ви го пренесуваме во целост:

„ЖЕНА ВО БРАК И РАЗВЕДЕНА ЖЕНА!!!

Не е секоја жена без сопруг несреќна, ниту, пак, секоја жена што има сопруг е сакана.

Некои жени го изгубиле бракот за да се спасат себеси, а некои го чуваат бракот по цена на сопствената среќа, достоинство и мир.

Затоа, не грижете се толку многу за разведените жени. Можеби тие немаат сопруг, но барем не мораат да глумат среќа за да ги задоволат соседите, роднините и општеството.

Знаете, постојат жени кои секојдневно објавуваат насмевки, семејни фотографии и пораки за љубов, а зад затворените врати живеат сосема поинаква реалност. Жени кои молчат за навредите, ги голтаат солзите, ги прикриваат разочарувањата и се преправаат дека сè е совршено, само за да не станат тема на селските муабети.

Зашто, за жал, во нашето општество сè уште е поважно што ќе кажат луѓето отколку како навистина се чувствува една жена.

Некои остануваат во брак затоа што сакаат, а некои затоа што се плашат од осудата, од етикетата “разведена” и од погледите на средината.

Но, да разјасниме една работа: подобро е жена да биде сама и спокојна, отколку да биде во брак и секојдневно да се чувствува осамено.

Бракот не е доказ за среќа. Прстенот не е гаранција за љубов, а заедничката адреса не значи и заеднички живот.

И не, разводот не е секогаш неуспех. Понекогаш е најхрабрата одлука што една жена може да ја донесе за да си го врати сопствениот живот.

Затоа, пред да сожалувате некоја жена затоа што нема сопруг, запрашајте се дали навистина би сакале да живеете живот каков што таа можеби го напуштила.

Не е срамота да немаш брак. Срамота е да мораш да ја жртвуваш сопствената среќа само за да изгледа дека имаш совршен брак.“