Вог Вилијамс и Спенсер Метјуз важат за најзгодната брачна двојка, а тоа го докажале и кога се појавиле на плажа викендов
Вог Вилијамс има 38 години, три деца и среќен брак со сопругот Спенсер Метјуз, како и фигура поради која можат да ѝ позавидат и 20-годишни девојки.
Ирската моделка и ѕвезда од реални програми ужива во мирниот семеен живот покрај 3 години помладиот сопруг, со кого ја дели страста кон вежбањето и здравиот начин на живот.
И покрај тоа што обајцата се јавни личности, живеат многу повлено. Со себе секогаш водат некое од своите деца, за кои се грижат самостојно.
Поврзани објави
Сепак, луѓето се шокираат кога ќе слушнат дека тие сакаат да добијат уште едно дете иако веќе имаат бебе од 19 месеци дома.
„Обожавам бебиња. Сè уште не сум завршила со раѓање и можеби звучи бизарно, но сакам уште едно дете. Четири деца е бројката што ја сакаме. Кога би имале повеќе од четири, тоа би било бизарно“, раскажала Вог само неколку месеци по породувањето.
Луѓето се шокираат кога ќе ја слушнат причината зошто Вог и Спенсер сакаат да имаат толку деца. Имено, Вог признала дека не сака да умре сама, па затоа се стреми да роди многу деца и се надева дека едно од нив секогаш ќе биде покрај неа.
„Сепак, не сакам да умрам сама. Барем тоа го знам, освен ако нешто не тргне наопаку, па да се испоубиеме на крајот и да не разговараме едни со други. Вака се надевам дека едно од нив секогаш ќе биде покрај мене“, рекла таа.