Бјанка Цензори се појавила во салон за убавина облечена во комплетно проѕирна маица и кратки боксерки
Сопругата на Канје Вест, Бјанка Цензори, знае како да привлече внимание. Облечена во проѕирна маица, под која не носела градник, и кратки боксерки со потпетици на нозете – таа го покажала своето тело во оригинал.
Бјанка го одбрала овој изглед за посетата на солариум, додека многумина коментираат дека нејзиното однесување е толку ризично што би можела да биде казнета за прекршок, и тоа со 1000 долари.
Инаку, Канје и Бјанка уживаат во ризичното облекување и однесување, а таа сè почесто се шета гола наоколу.
Поврзани објави
Нејзините пријатели, роднини и родители – сите се шокирани од однесувањето на оваа архитектка која глуми старлета откако се омажи за Канје Вест. Ништо не останало од нејзиното професионално однесување, додека Канје ги собира плодовите од вниманието што го привлекува Бјанка.
Благодарение на нејзиното вулгарно облекување, популарноста на двојката порасна, додека разни спонзори им плаќаат за реклами.
Од друга страна, јавноста е револтирана од нејзината голотија и појавувањата во непристојни изданија:
„Јас да сум сопственик на ресторан во кој доаѓаат тие двајца, би им кажал дека не можат да влезат така облечени. Некогаш се знаеше редот и во ресторан се влегуваше со вратоврска, сако и соодветна тоалета, а не вака како од мајка родена“, гласат некои од коментарите на социјалните мрежи.