Почетна Убавина и здравје„Мажите на моја возраст се мртви, морам да имам помладо момче“, вели Шер

„Мажите на моја возраст се мртви, морам да имам помладо момче“, вели Шер

од nenad
1 минути читај за



Познатата пејачка настапи на ревијата на Викторија Сикрет во Њујорк, заедно со раперките Лиза и Тајла, па првпат во историјата на овој настан пејачките бeа единствените изведувачи. Шер пред настапот се појави на црвениот тепих со 40 години помладиот партнер. Истата вечер, пејачката имаше и руса и црна коса, а двата нејзини стајлинзи беа обележани со два модели на шик панталони.

Познатата пејачка Шер (78) се појави на пистата со ангелите на Викторија Сикрет во црн стајлинг, а оваа боја ја носеше на црвениот тепих. Таа беше одлично расположена кога се појави на забавата во Њујорк, што може да се каже и за нејзиниот партнер, музичкиот продуцент Александар Едвардс, кој не се двоумеше да ја бакне.

Настапот на Шер беше важен дел од шоуто, а нејзината врска со помладиот маж се коментира со месеци. Најмногу поради разликата во години, за која на хумористичен начин го кажа следново:


Поврзани објави

Мажите на моја возраст умреа, а порано секогаш се плашеа да ми пријдат. Александар е феноменален, многу љубезен, многу талентиран и има смисла за хумор. Исто така, мислам дека е многу убав”, рече таа.

Фото: Prinstcreen Instagram (@cher)

Видео: Youtube