Шест години по смртта на Шабан Шаулиќ, неговото семејство реши да направи се што е во нивна моќ за да го заштити името и авторските права на овој голем уметник. Оваа информација ја потврди ќерката на кралот на народната музика Илда Шаулиќ.
Илда Шаулиќ беше исклучително приврзана за Шабан, а неговата смрт целосно и го скрши срцето. Со помош на семејството продолжи понатаму, а споменот на својот татко внимателно го чува.
Илда Шаулиќ признава дека семејството веќе презело сериозни чекори за да ги обезбеди правата за песните што Шабан ги изведувал.
Мојата сестра Санела е темелно вклучена во се што се однесува на нашиот татко, но има многу работи што треба да се средат во однос на неговите песни и нивната изведба. Има секакви работи кои не се решени, сето тоа полека си го зема својот тек и мислам дека ќе успееме да заштитиме се што се однесува на нашиот татко, бидејќи остави многу квалитет, најдобро зад себе. Не треба да се злоупотребува од други. Има многу уметници кои се врвни и кои треба да го прават тоа“, открива пејачката.
Поврзани објави
За потсетување, Шабан Шаулиќ, кој трагично загина пред шест години, зад себе остави море од хитови и со причина беше прогласен за крал на народната музика.
Неодамна Илда одржа спектакуларен концерт во чест на својот татко, а дел од неговите хитови и самата ги испеа.
printskrin Youtube-K1 Televizija