Новиот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, масар Омерагиќ, во денешното издание на „КликПлус“ на ТВ21 рече дека директорот на најдобрата македонска фудбалска репрезентација Дени Масев бил разрешен од функцијата по неговото приведување кое ја шокираше македонската спортска јавност. – Ние го разрешивме после приведувањето и за нас тоа бешешок. За мене лично тоа е шок, затоа што Дени Масев го знам од неговата 17 година кога беше млад фудбалер. Но неговото апсење нема врска со федерацијата, тоа е нешто што е надворешно. Мене ми е жал доколку е тоа навистина така, но не можам да коментирам постапки на луѓе надвор од фудбалот, рече Омерагиќ. Медиумите оваа недела веќе објавија дека е уапсен и притворен Масев. Тој наводно бил дел од групата Реде Трајковски – Штекли кој претходно беше уаспен поради сомнение за трговија со дрога. Спортската јавнсот е во шок по оваа информација, ако се знае дека тој беше дел од раководството кое придонесе Македонија за прв пат да игра на едно Европско првенство во фудбал.