Почетна Убавина и здравјеИмате мувла по ѕидовите? Испрскајте ги со ова средство и заборавете на овој проблем

Имате мувла по ѕидовите? Испрскајте ги со ова средство и заборавете на овој проблем

од nenad
1 минути читај за

Главната состојка во овој домашен рецепт, е масло од чајно дрво! Пред да ви покажеме како да го приготвите и примените овој рецепт треба да ви објасниме некои работи за маслото од чајно дрво. Ова масло се користи со векови од Абориџините. Тоа е добиено од лисјата на Мелалеука алтернифолиа – австралиско растение. Ова растение не се среќава никаде на друго место, освен во Австралија, пишува gradina.mk.

Според експертите, во 1920 година австралиски научници откриле дека маслото од чајно дрво е антисептик, 100 пати поефикасен од карболовата киселина – широко употребувано бактерицидно во тоа време.

Една неодамнешна студија покажала дека маслото од чајно дрво може ефикасно да лекува респираторни проблеми кои се движат од обични болки во грлото, кашлица и настинка до астма, туберкулоза, и бронхитис. Тој исто така има антибиотски својства, кои помагаат за лекување на кожни инфекции, црвенило, изгореници, првут и многу повеќе.

И како што напоменав претходно, можете да го користите маслото за да отстраните мувла. Тоа дезинфицира и ги отстранува сите видови микроби и мувли. Овој домашен метод е многу едноставен и лесен за приготвување.

Еве што ви е потребно:

. масло од чајно дрво
. крпа

Многу е лесно! Прво, треба да се измешаат 2 лажици масло од чајно дрво со две чаши вода, и смесата ја ставате во спреј шише и прскате на мувлосаните делови. Почекајте некое време, а потоа избришете ги со крпа. Тоа навистина работи!