Почетна ЕкономијаВо градот Куманово отворен дневен центар за индивидуална и групна работа за деца со попреченост

Во градот Куманово отворен дневен центар за индивидуална и групна работа за деца со попреченост

од nenad
2 минути читај за

Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ Куманово денеска го промовираше Центарот за пружање на бесплатни услуги за работа за развивање и стекнување на животни, воспитни, социјални и културни вештини преку индивидуална и групна работа. Објектот е сместен во поранешната месна заедница спроти Основното училиште „Толи Зордумис“.

Средствата за негова санација и адаптација се обезбедени од Општината и поддршка на локалната бизнис-заедница.
– Во објектот функционираат две услуги, лична асистенција и дневен центар за индивидуална работа со дечиња од пет до дванаесетгодишна возраст. Сега имаме веќе 41 дете кое го посетува овој центар и му се даваат индивидуални услуги. „Инклузива“ повеќе време го бараше овој простор за да најде соодветно место за да биде оформено, реновирано по сите стандарди за пристапност на оваа категорија.

Сите институции, но и градежните компании ги повикуваме да ги запазат овие стандарди што се применети овде, бидејќи сè што се прави, рампите во училиштата и во институциите не се соодветни, ниту ги исполнуваат критериумите за пристапност. Постои закон, постои правилник, но повторно се градат објекти кои не се пристапни. На родителите би им испратила порака да бидат упорни, да зацврснат како луѓе, да ни се приклучат во оваа наша мисија ако сакаме уште поголеми права затоа што мала група на луѓе може да направи многу, а поголема уште повеќе.

Не обвинуваме никого за оваа состојба во која се наоѓаат семејствата и децата со попреченост туку да дадеме придонес сите да не разберат и да прифатат она што нам ни е потребно, изјави претседателката на здружението Благица Димитровска. За таа цел, „Инклузива“ ангажира тим од дефектолози, логопеди, социјални работници, психолози, кои работат со децата на усвојување на комуникациски, интелектуални, моторни и когнитивни вештини. „Инклузива“ го спроведува проектот со поддршка на Општина Куманово, преку сектор за социјална заштита и се однесува на индивидуална и групна работа со деца со попреченост. Целиот текст на www.kumanovskimuabeti.mk.