Почетна Убавина и здравјеРецепт за домашна паштета: Се приготвува од остатоците од пилешкото месо по ручекот, а одзема само неколку минути

Рецепт за домашна паштета: Се приготвува од остатоците од пилешкото месо по ручекот, а одзема само неколку минути

од nenad
1 минути читај за

Се приготвува лесно и брзо од состојки што веќе ги имате

Ако сакате вкусна и заситувачка мачканица, без многу компликации, оваа домашна пилешка паштета е полн погодок.

Се приготвува од едноставни состојки што повеќето веќе ги имаат во кујната, а резултатот е кремлива и ароматична мачканица, идеална за појадок, вечера или лесна ужина.

Одлично оди со тазе леб, тост или крекери, а можете да ја понесете и како практичен оброк на работа.

Состојки:
  • 400 г бело месо
  • 1 главица кромид
  • 1 чешне лук
  • 1 врзоп магдонос
  • 2 лажици сенф
  • 2 лажици мајонез
  • 1 лажица кечап
  • сок од пола лимон
  • сол и бибер по вкус
  • малку власец
  • прстофат кари за попикантен вкус, по желба


Поврзани објави

Приготвување:

Белото месо најпрво испечете го во рерна за да добие убава боја и да стане сочно. Кога ќе се олади малку, искинете го на помали парчиња и ставете го во блендер.

Додајте покрупно сечкан кромид, чешне лук, ситно сечкан магдонос, сенф, мајонез, кечап и сок од лимон. Посолете и забиберете по вкус, а доколку сакате поинтензивни и попикантни вкусови, додајте и малку кари.

Блендирајте го сето тоа заедно додека добиете мазна и компактна смеса. По потреба можете да додадете уште малку мајонез или лимонов сок, за да биде паштетата уште покремлива.

Готовата паштета префрлете ја во чинија и посипете ја со ситно сечкан власец. Највкусна е кога добро ќе се олади во фрижидер, а совршено оди со тазе леб, тост и чаша јогурт или кисело млеко.

ФОТО: Freepik