Почетна Убавина и здравјеЗасладете се со највкусниот десерт на сите времиња! – Убавина и здравје

Засладете се со највкусниот десерт на сите времиња! – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



За велигденските празници, Италијанците имаат обичај да приготват сладок куглоф во чија средина ставаат шарени јајца – така десертот им е истовремено и декорација на трпезата

Состојки:
  • 3 јајца
  • 100 г путер
  • 50 мл масло
  • 200 г брашно
  • 130 г шеќер
  • 100 г кандирано овошје
  • 200 мл млеко
  • 1 лажица мармалад од шипка
  • 1 кесичка прашок за печиво
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 1,5 лимон
  • 80 г шеќер во прав
  • 50 г лешници
Приготвување:


Поврзани објави

Со миксер изматете путер, жолчки, 130 г шеќер и ванилин шеќер. Додајте млеко, масло, сок и рендана кора од 1 лимон, кандирано овошје (боровинки, ананас, папаја, грозје и брусница), мармалад и сето тоа промешајте го. На суво тавче пропржете ги лешниците и ситно исечкајте ги, па и нив ставете ги во смесата. На крај, додајте брашно измешано со прашок за печиво и цврст снег од белки.

Премачкајте калап за куглоф со пречник од 22 см со путер и посипете го со брашно, па префрлете ја смесата во него. Печете го во претходно загреана рерна на 180 степени, 50-60 минути, во зависност од рерната. Проверете со чепкалка дали е испечен.

Извадете го печениот куглоф од рерната, оставете го да се олади 20-тина минути, па извадете го од калапот. Измешајте 80 г шеќер во прав со сок од половина лимон и прелејте го куглофот, па декорирајте го со чоколадни зајачиња и јајца, лешници и боровинки.

ФОТО: Freepik