Ноември е месец кога семејните слави и традиционалните собири веќе внесуваат посебна топлина во домовите, а полека започнуваат и подготовките за новогодишните и божиќните празници. Тоа е период кога сè почесто размислуваме за трпезата, дружењето со најблиските и малите задоволства што ги прават заедничките моменти уште поубави. Од мирисливи медењаци и чоколадни специјалитети до крцкави солени закуски, изборот на вкусови е дел од подготовките за претстојните прослави. Токму затоа, dm drogerie markt издвојува четири производи од својата марка dmBio, кои носат интересни слатки и солени комбинации за семејните собири, празничната трпеза и моментите на уживање што следуваат.
За љубителите на традиционалните празнични слатки, dmBio медењаците во форма на срца, ѕвезди и переци, 250 г, се вистински избор за зимските денови. Нивниот препознатлив зачинет вкус е надополнет со обвивка од темно чоколадо, создавајќи комбинација што потсетува на класичните божиќни специјалитети. Благодарение на декоративните форми, овие медењаци се одличен додаток на празничната трпеза, но и слатко задоволство со шолја топол напиток.
Ако повеќе уживате во спојот на крцкави јаткасти плодови и чоколадо, вниманието ќе ви го привлечат dmBio печените индиски ореви со нугат и млечно чоколадо, 90 г. Ова лимитирано издание ги комбинира богатата арома на печените индиски ореви, нежниот вкус на нугатот и фината обвивка од млечно чоколадо. Производот е подготвен со состојки од органско земјоделство, без додадени вештачки ароми и адитиви, а е погоден и како мал сладок подарок за празниците.
Сепак, празничните закуски не мора секогаш да бидат слатки. dmBio солените празнични печива, 100 г, внесуваат поинаков вкус и дополнителна доза празничен шарм. Ова лимитирано издание се издвојува по интересните форми на ѕвезди, елки и снешковци, кои особено ќе ги развеселат најмладите. Печени во рерна, со лесна и крцкава текстура и благо солен вкус, тие се практичен избор за семејни дружења, филмски вечери или за послужување кога ќе пристигнат гостите.
За крај, тука е и dmBio млечното чоколадо со млечен крем, парчиња бисквити и зачини, 40 г, кое носи интересна комбинација на кремаста и крцкава текстура. Нежното млечно чоколадо ја крие меката кремаста средина, збогатена со парчиња бисквити и внимателно избрани зачини што му даваат посебен празничен карактер. Ова лимитирано издание е произведено со состојки од органско земјоделство и не содржи емулгатори, а неговото практично пакување го прави одличен избор за мало слатко задоволство во текот на денот.
Од традиционални медењаци и чоколадни комбинации до солени закуски со празнични форми, dmBio нуди вкусови за различни желби и пригоди. Без разлика дали подготвувате празнична трпеза, планирате дружење со пријателите или едноставно сакате да си подарите момент на уживање, овие производи се интересен начин да внесете малку празнична магија во секојдневието.
Откријте ги вкусовите на dmBio во продавниците на dm и дозволете малите задоволства да станат дел од најубавите моменти во сезоната.