Градот Тиандученг има Ајфелова кула, прочуените Елисејски полиња, Луксембуршкиот парк, живописни француски згради, улици и барови.
Кина е земја со импресивна култура и богата историја, која нуди неверојатни природни убавини, традиционална храна, футуристички градови, разновидна култура и традиција, но и верни имитации на некои од најпознатите европски градови и архитектонски бисери.
Еден од најнеобичните проекти од ваков вид е токму градот Тиандученг. Овој кинески „лажен Париз“ е верна, но намалена реплика на француската престолнина. И покрај тоа што изгледа речиси идентично со оригиналот, долго време му недостасуваа – луѓето.
Изградбата започнала во 2007 година и бил проектиран за околу 10.000 жители. Во првите години, сепак, се доселиле само околу 2.000 луѓе. Странските медиуми го исмевале, нарекувајќи го „град на духови“, но кога веста за него се проширила низ светот, се чини дека и Кинезите почнале да се интересираат. Според некои извори, сега во „Паризот“ живеат околу 30.000 луѓе, а градот повеќепати е прошируван.
Поврзани објави
Фантастичен проект на француски фотограф
Проектот на францускиот фотограф Франсоа Прост привлече големо внимание на светската јавност. Во 2017 година, тој дознал дека постои реплика на неговиот роден град, изградена илјадници километри од Франција, и се упатил кон Кина.
Создал серија споредбени фотографии на вистинскиот Париз и Тиандученг, на кои на прв поглед е речиси невозможно да се разликува кој град е на која слика. Според неговите забелешки, животот полека се враќа на улиците на „лажниот Париз“, па прекарот „град на духови“ конечно повеќе не му одговара.
Фото: Инстаграм