Кејт Мидлтон уште еднаш покажала дека е вистинска дама
Принцезата од Велс, Кејт, се појавила на Вимблдон заедно со својата ќерка Шарлот, во комбинација од која застанува здивот.
Ова е нејзиното второ појавување во јавноста откако беше дијагностицирана со рак.
Принцезата е голема љубителка на тенис, па ни сега не пропуштила да се појави и да му го врачи пехарот на победникот на крајот.
Нејзините модни комбинации секогаш нè воодушевуваат, а тоа се случи и сега. Принцезата од Велс одбрала виолетов миди-фустан од брендот „Сафија“, моментално достапен за околу 2350 евра, кој бил приспособен така што го покривал деколтето.
Принцезата му оддала почест на турнирот со панделка на реверот во препознатливите виолетови и темнозелени нијанси, а и виолетовиот фустан бил во истиот манир.
Поврзани објави
Принцезата пристигнала со својата ќерка, принцезата Шарлот (9), која носела сладок фустан со точки – дезен што мајка ѝ често го има носено на турнирот последниве години.
Иако кралските обожаватели беа загрижени дека нивната омилени принцеза можеби нема да пристигне на Вимблдон оваа година, таа сепак се појави и го покажа својот совршен изглед.
Од модни додатоци одбрала скулптурални обетки во златна боја, што ги купила од „Зара“ за 20 евра.
Овој накит е класично парче со кое не можете да погрешите и кое ќе го направи вашиот целосен изглед беспрекорен, исто како и во случајот на принцезата од Велс.
Од обувки одбрала беж сандали со ниски потпетици и ремен за уште повпечатлив изглед.