Почетна Убавина и здравјеПроменила само 1 навика и ослабела 40 кг! – Убавина и здравје

Променила само 1 навика и ослабела 40 кг! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Си ја поправила здравствената состојба со тренинзи и балансирана исхрана

Еви Нејџи, 28-годишна девојка, се соочила со сериозни здравствени проблеми поради својата тежина која достигнала 116 килограми. Страдала од висок притисок, болки во зглобовите и срцеви проблеми, што ја принудило да си го смени животот од корен. Сфатила дека неопходно е драстично да ги намали килограмите и да си го подобри своето здравје.

Еви навреме препознала дека нејзината тежина сериозно го загрозува нејзиното здравје и одлучила да побара помош од експерт. Ѝ се обратила на поранешната трикратна олимпијка, Сара Линџи, која води синџир на вежбалници и има развиено сопствена програма за слабеење. Програмата се заснова на балансирана исхрана, која вклучува три оброка богати со протеини и хранливи состојки, здрава ужина, како и интензивни тренинзи со тегови.

И покрај пандемијата што го зафатила светот, Еви успеала да се придржува до договорениот план и за само 15 месеца симнала 42 килограми. Најголем предизвик ѝ бил почетокот, кога морала комплетно да ги отфрли алкохолот, нездравите грицки и јаглехидратите, но со силна волја успеала да се справи со главоболките што ѝ се појавиле првите денови по промената на исхраната.

„Бев навистина нездрава кога ја започнав оваа програма за исхрана“, открила Еви.

„Имав прекумерна тежина и земав лекови за регулација на крвниот притисок, кој директно беше поврзан со мојата дебелина. Консумирав големи количества на чипс и вино, но одлучив да го исфрлам сето тоа.“

За време на пандемијата, кога фитнес-центрите биле затворени, Еви нашла начин да остане активна. Практикувала дневни прошетки со своето куче и правела најмалку 10.000 чекори дневно, што ѝ помогнало да ја одржи формата додека вежбалниците повторно се отворат.


Поврзани објави

Во еден момент, Еви верувала дека не може да ослабе, но по гледањето на ТВ-серијата „Хаус“, каде што на еден од ликовите му дијагностицираат Кушингова болест, ѝ се променил погледот кон работите.

„Тогаш мислев дека имам некои симптоми на таа болест и отидов во болница да се тестирам. За среќа, резултатите беа добри, но стравот од болеста ме мотивираа сериозно да му се посветам на слабеењето.“

Сега, Еви секојдневно внимава на тоа колку протеини внесува, со оглед на тоа што е вегетаријанка, и се обидува да прави најмалку 10.000 дневно, како и редовно да оди во вежбалница. Покрај тоа, одлучила да започне инстаграм-профил за да им помогне на другите што се борат со слични проблеми, споделувајќи го своето искуство и корисни совети.

„Во текот на процесот на слабеење внесував помеѓу 1500 и 1700 калории дневно, но сега веќе не бројам калории. Сепак, се трудам да бидам внимателна при изборот на храна и јадам контролирано“, истакнала Еви.

Најголемиот успех ѝ е тоа што ги прекинала лековите за крвен притисок, бидејќи притисокот сега ѝ е нормален, а веќе нема ни болки во зглобовите ниту други здравствени проблеми, како жиговина, кои ја мачеле претходно.

ФОТО: Инстаграм @nadinephyllisfittt