Квалитетен шампон, балсам или маска, спреј за заштита на косата од сонце, серум за секојдневна нега – ова се производи кои мора да ги користиме налето.
Сите со нетрпение го очекувавме летото, но не смееме да го заборавиме најважното – да се заштитиме од штетното сончево зрачење. И не само кожата, туку и очите и косата.
Косата е прва на удар, а често во текот на летните месеци врвовите на влакната се сушат, ја менуваат бојата поради силното сонце и настанува оштетување на косата. Ја прашавме Милка Павловиќ, професионална едукаторка и фризерка, како да ги намалиме оштетувањата и максимално да ја заштитиме косата од сонцето.
Сонцето дополнително ја суши косата, кој е најдобриот начин да го запреме тоа?
Многумина од нас ги сакаат летото, сонцето и морето, а тоа е многу напорен период од годината кога станува збор за косата. Треба да знаеме дека сонцето е сè поагресивно и затоа во тој период ни е потребна многу поголема УВ-заштита.
Кој е најдобриот начин да се грижиме за сува, а кој за мрсна коса? Дали постои систем за миење на најчестиот тип коса – која е мрсна во коренот и сува на врвовите?
Моето долгогодишно искуство вели дека сувата коса мора да ја третираме со маска за коса која не треба многу да се измива, можете да нанесете малку од неа на сува коса пред да излезете на сонце и задолжително испрскајте ја вашата коса со спреј за коса со УВ-заштита.
Без разлика дали косата е склона на мастење, во овој период мора да нанесете хранлив балсам и пред да излезете на сонце и да ја испрскате средство со УВ-филтер. И кај сувата коса и кај мрсната коса – спрејот треба да се прска секогаш кога ќе излезете од вода, но никогаш не прскајте го скалпот.
Како да ја одржиме оптималната боја на косата во текот на летото, кога сонцето дополнително ја осветлува нашата коса и влијае на бојата?
Поврзани објави
Бидејќи во текот на годината вложуваме многу труд, грижа и работа во бојата на косата, важно е да ја зачуваме и во текот на летото. Производите за нега на коса се спас за одржување на здрава коса и добра боја.
Квалитетен шампон, балсам или маска, спреј за заштита на косата од сонце, серум за секојдневна нега – ова се задолжителни производи за време на летото. Многу е важно помалку да користиме фигаро и преса за коса. Доколку ги користиме, претходно мора да се нанесе спреј за термичка заштита на косата.
Колку шампон е доволно за едно миење, а колку регенератор и – дали регенераторот се нанесува само на долната половина од косата?
При првото миење ќе ви треба малку повеќе шампон, а при второто миење прво нанесете малку шампон, па само ако е потребно – додајте уште. Премногу шампон тешко се измива од косата и може да предизвика проблеми на вашиот скалп, а вашата коса ќе стане повеќе наелектризирана.
Кога ќе ја измиете косата од вториот шампон, избришете ја сува крпа и нанесете регенератор или маска по целата должина на косата, но не во близина на коренот. Потоа, исчешлајте ја косата и измијте ја со вода. Ако имате мрсна коса, не чешлајте ја додека на неа е балсамот или маската.
Дали е вистина или мит дека последното плакнење со ладна вода, по регенераторот или маската, обезбедува сјај на косата?
Мое мислење е дека балсамот и маската треба да се измијат со топла вода поради состојките за нега, а на крајот косата да се исплакне со ладна вода.
Квалитетен шампон, балсам или маска, спреј за заштита на косата од сонце, серум за секојдневна нега – ова се производи кои мора да ги користиме налето.
Текст: Убавина и здравје