Единиците на “Вагнер” нападнуваат подземниот дел на фабриката за металопреработка во Бахмут (АЗОМ). Борбите во подземниот дел на фабриката АЗОМ се усложнуваат бидејќи длабочината на комплексот е 350 метри, што не дозволува употреба на артилерија и гранати поради опасноста од пропаѓање на подземниот комплекс. Два добро информирани извори потврдуваат дека единиците на “Вагнер” успеаја да напредуваат доста далеку, при што се присутни и украински единици, но во многу мал број. Борците на “Вагнер” велат дека расчистувањето на подземниот комплекс може да потрае долго време, бидејќи таа област е поврзана со други делови на градот и може да доведе до неочекуван контранапад од страна на украинската армија. Употребата на единиците на “Вагнер” во подземниот комплекс ги принуди да го забават напредувањето на теренот, но руските единици успеаја успешно да се зацврстат. Во западниот дел на Бахмут продолжуваат жестоките борби, а артилеријата продолжува активно да се користи како од единиците на “Вагнер”, така и од силите на украинската армија.
(Видео) Припадници на „Вагнер“ го напаѓаат подземниот комплекс АЗОМ во Бахмут
80