81
Новиот координатор на ДУИ во скопската општина Чаир, Бујар Османи, на митинг изјави дека Македонија ќе го добие првиот албански премиер во следниве неколку месеци. Тој истакна дека македонскиот народ некогаш бил без јазик, знаме, достоинство и гордост, но дека сега е време да се направи разлика и да се почне со претседателот на државата кој е консензуален и со печат на албански јазик, Собранието кое го водат Албанци, и владата каде се очекува првиот албански премиер. Османи напоменува дека од 18 министри во владата 9 се Албанци.