Новак Ѓоковиќ славеше со семејството по освојувањето на титулата на Ролан Гарос, а потоа се врати на теренот, се покри со крпа и почна да плаче.Новак Ѓоковиќ со години урива рекорди и од меч во меч пишува тениска историја, но се чини дека секоја нова титула за српскиот ас е се поголема и позначајна.
Трофејот на Ролан Гарос е трет во неговата кариера, но и 23. Грен слем, што е најмногу што ниту еден тенисер не успеал да го освои во историјата на белиот спорт. Поради таквиот успех Новак заслужено остави емоциите и солзите да почнат да му течат.
Го покри лицето со крпа и си даде неколку минути да се обиде да разбере дека нема подобар тенисер во историјата на спортот од него.
ЛИНК од видеото
.


