Прочитајте ја исповедта на оваа девојка која доживеала болно понижување од својот партнер
Една девојка го исфрлила своето момче од станот, откако дознала зошто тој постојано ѝ велел дека мирисала лошо.
На социјалната мрежа Редит, таа го раскажала својот проблем и го споделила моментот кога дознала зошто тој, всушност, ја навредувал на таков начин, и покрај тоа што постојано се туширала, ставала дезодоранс и се грижела за личната хигиена.
Ви ја пренесуваме нејзината исповед во целост.
„Повеќе од една година сум со мојот партнер и сè беше супер освен едно нешто. Секој ден, барем еднаш, ми велеше дека смрдам.
Се туширав секој ден, наутро користев обичен дезодоранс, ги миев забите трипати дневно. Сега толку сум параноична поради лошиот мирис што се туширам најмалку двапати дневно, одново нанесувам дезодоранс на секои неколку часа (имам потсетник на телефонот), ставам и парфем и ги мијам забите секогаш кога ќе изедам или испијам нешто што не е вода.
Мислам дека ќе полудам. На почетокот не мислев дека смрдам и сега не мислам дека смрдам, но како нему секогаш му мирисам? Бев на доктор и тој ми кажа дека не станува збор за ништо медицински. Искрено, дојдов до степен кога буквално им ги ставав рацете во лицето на пријателите и семејството прашувајќи ги дали мирисам лошо и сите ми велат дека никако не мирисам, а еден пријател дури ми кажа дека мирисам како во парфимерија.
Поврзани објави
Станав толку параноична. Не сакаше дури ни да се милува со мене, бидејќи постојано ми велеше дека ужасно смрдам.
Почекав до утредента за да можам да разговарам со него. Помина помалку од еден час откако се разбудивме и тој ми кажа: ‘Боже, смрдиш’. Притоа, намерно веќе се имав истуширано и во моментот кога тој ми префрли за мирисот, јас бев најчистата личност на планетата.
Тој се вознемири и почна да паничи, но на крајот извлеков од него дека татко му постојано ѝ го кажувал истото на мајка му. Татко му кажал дека со помош на оваа сигурна техника, жената никогаш нема да те напушти бидејќи ќе се чувствува премногу лошо за да те изневери, ќе те сака само тебе и секогаш ќе биде чиста.
Непотребно е да кажам дека татко му не беше во право. Си ги спакува своите работи и се отсели од станот истиот ден.“
Коментарите од корисниците ја одобрувале нејзината одлука да го избрка. Еден корисник напишал:
„Срамота. Неговиот татко во суштина го подготвувале да стане емоционален насилник. Многу ми е драго што сте прекинале, да се надеваме дека ќе научи нешто од ова“, додека друг напишал:
„Замислете да ѝ кажете на девојка ви дека смрди, за да ја натерате повеќе да ве сака. Боже, колку се глупави луѓето!“