Почетна Убавина и здравјеМислел дека сè уште е млад, а кога застанал пред огледало – имал што да види! – Убавина и здравје

Мислел дека сè уште е млад, а кога застанал пред огледало – имал што да види! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Паднал во кома по страшна сообраќајна несреќа, а кога се разбудил, не знаел што го снашло

Лучијано Д’Адамо во 2019 доживеал тешка сообраќајна несреќа кога непознат возач го удрил со автомобил. Бил во кома неколку дена, а кога се разбудил, светот веќе не бил истиот, барем не за него. Тој заборавил 39 години од својот живот и последниот спомен му бил од март 1980 година.

Имено, Лучијано останал заробен во 1980 година! Бил убеден дека сè уште има 24 години и дека наскоро треба да се венча со својата свршеница, која тогаш имала 19 години.

Кога несреќниот Италијанец се погледнал в огледало, почнал да плаче, бидејќи не го препознавал седиот човек. Следниот шок следел кога на вратата од неговата болничка соба се појавила непозната, постара жена, која тврдела дека е неговата сопруга. Најлошо е тоа што Лучијано воопшто не знаел дека има син.

Кога се разбудил од кома, Лучијано побарал да ѝ се јави на мајка му. Кога му дале мобилен телефон, тој не знаел што да прави со тој непознат уред. Исто така, болничките работници не знаеле како да му соопштат дека неговата мајка одамна починала.

@tg1rai La storia di Luciano che, dopo un incidente, ha perso 40 anni di ricordi. Al risveglio credeva di essere nel 1980, quando c’era ancora la lira e i cellulari non esistevano. #Tg1 #davedere #viralvideos #viralditiktok @valentinabisti ♬ suono originale – Tg1Rai


Поврзани објави

Иако поминале пет години од несреќата, Лучијано сè уште не може да си го врати помнењето. Сега има 68 години, а сè живее во 1980-та, кога работел на аеродромот Фјумичино.

Интересно е што се сеќава само на едно нешто од заборавениот период – датумот, времето и ознаката PN 2300, која била залепена на болничкото креветче кога се родил неговиот внук во 2014.

Иако се воодушевил од напредокот на технологијата, ГПС-уредите и паметните телефони сè уште му претставуваат проблем.

Особено тешко му паднала информацијата дека неговиот омилен клуб Рома двапати бил првак на Италија, а тој не се ни сеќава на тоа.

Лучијано со текот на времето почнал да го прифаќа фактот дека веќе не е младич и се навикнува на моментот дека има сопруга, деца и внуци. Воопшто не се сеќава на несреќата од 2019 година, а возачот кој побегнал од местото на несреќата, никогаш не бил пронајден.

ФОТО: engin akyurt / Unsplash