Почетна Убавина и здравјеБлагоја Грујовски има повод за славење, но фотографијата откри нешто што многумина не го очекуваа! Му завидуваат и момчиња (ФОТО)

Благоја Грујовски има повод за славење, но фотографијата откри нешто што многумина не го очекуваа! Му завидуваат и момчиња (ФОТО)

од nenad
1 минути читај за



Фолк-пејачот го прослави роденденот со торта и бројни честитки, а неговиот младешки изглед повторно го привлече вниманието.

Благоја Грујовски го одбележа својот 64. роденден, а честитките од пријателите, колегите и обожавателите не престануваа. Пејачот сподели роденденска фотографија и им се заблагодари на сите кои му упатија убави желби.

Роден е во Скопје во 1962 година, но неговиот изглед и енергија често прават луѓето да му дадат многу помалку години. Токму затоа низ годините го добива и прекарот „македонскиот Доријан Греј“.

Иако денес е познат како фолк-пејач, неговата прва професионална насока била новинарството. Завршил новинарство и работел во информативните редакции на Македонското радио, а во исто време бил активен и како саксофонист во различни музички состави.


Поврзани објави

Фејсбук/ Благоја Грујовски

Пејачката кариера му започнала во 1993 година, кога настапил на фестивалот „Цветници“ со песната „Туѓино јабано“. По неа следуваше и „Јано Јанике“, хитови со кои го зацврсти своето место на македонската фолк-сцена.

Инстаграм/ Василија Петрова

Благоја потекнува од музичко семејство – неговиот татко Мате Грујовски бил композитор, уредник и продуцент во МРТ. Повеќе од три децении подоцна, тој и понатаму останува активен во музиката, со истата препознатлива енергија и љубов кон песната.