Table of Contents
Многу луѓе имаат проблеми со опстипација и постојано бараат решение за овој непријатен проблем
Во неодамнешна објава на Тикток, најдобриот британски лекар за гастроинтестинални проблеми, хирургот доктор Каран Рајан, споделил неколку совети што би можеле да ви помогнат во случај на опстипација.
Нишање напред-назад
На прво место ја демонстрирал техниката на нишање, при која треба полека да се нишате напред-назад на тоалетната школка за да ги покренете цревата. Ова движење може да дејствува како механичка стимулација за зголемување на подвижноста на дебелото црево. Наведнувањето нанапред го опушта дното на карлицата, која им е лулка на мускулите што ја контролираат континенцијата. За да се испразнат цревата, дното на карлицата мора да биде опуштено. Напрегнувањето може да доведе до негова напнатост, што има спротивен ефект.
Масажа
Тој опишал уште еден метод за покренување на цревата, сугерирајќи дека и масажата може да помогне. Масажата на стомакот со широки движења во насока на стрелките на часовникот може да помогне, но секогаш внимавајте да движите од десно налево. Така ја покренувате храната низ дигестивниот тракт, предизвикувајќи брановидни контракции на мускулите во хранопроводот, желудникот, тенкото и дебелото црево.
Техника на дишење
Поврзани објави
Доктор Рајан предложил и трета вежба, за која вели дека помага да се опушти дното на карлицата. Оние што страдаат од опстипација ги советува да се издишат нежно и рамномерно, замислувајќи си дека дуваат балон или свеќа. Оваа техника на дијафрагмално дишење го стимулира нервот вагус, кој помага да се опушти дното на карлицата.
Намирници што помагаат
Доктор Рајан вели дека кивито, кое е богато со растворливи влакна, е најдоброто овошје за ублажување опстипација. Овој вид на влакна впиваат вода и создаваат гел во цревата, правејќи ја столицата помека и зголемувајќи ја зачестеноста на празнењето на цревата. Други намирници богати со растворливи влакна се смоквите, лененото семе и јаболката.
Подигнете ги нозете на столче
Експертите исто така утврдиле дека луѓето би требало да клечат наместо да седат, бидејќи седењето го продолжува процесот и спречува цревата потполно да се отворат. Бидејќи тоа не е возможно на тоалетната школка, за да ги отворите цревата, најдобро е да ги подигнете нозете на столче и да се наведнете нанапред.
ФОТО: Alexa / Pixabay