Воочи концертот посветен на легендарниот пејач, семејството откри колку болката сè уште е жива.
Воочи вечерашниот концерт посветен на незаборавниот Шабан Шаулиќ, неговата сопруга Гордана – Гоца Шаулиќ и ќерката Илда зборуваа за спомените и емоциите што ги носат. За нив, секој ден е потсетник на човекот кој го остави најголемиот белег и во музиката и во семејството.
За мене секој ден е сеќавање на Шабан. Тој беше столб на нашето семејство и човек каков што ретко се раѓа. Неговата музика обележа генерации, а љубовта на публиката и денес ме исполнува со гордост, но и со тага,“ изјави Гоца за српските медиуми. Т
аа истакна дека Шабан секогаш пеел од срце, убеден дека песната мора да ја допре душата на човекот.
Поврзани објави
Нивната ќерка со трепет зборуваше за таткото, нагласувајќи дека тој и бил најголем пример.
Ме научи да бидам своја и да ја почитувам публиката. Денес, кога ќе застанам на бината, го чувствувам неговото присуство. Овие концерти се доказ дека Шабан живее низ своите песни и љубовта на луѓето,“ рече Илда.
Концертот во Шабац, со оркестарот на Миша Мијатовиќ, обедини бројни изведувачи кои потсетија на најголемите хитови на Шаулиќ. Публиката со носталгија и почит го одбележа делото на пејачот кој трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа во Германија на 19 февруари 2019 година.
printskrin Youtube – vecernje novosti saban saulic