Трагичната и храбра приказна на водителката Милица Пајчин и пејачот Алекса Перовиќ го потресе регионот.
Да љубовта не може секогаш да ги победи сите препреки сведочи приказната на Алекса Перовиќ и Милица Пајчин. По шест години брак и две ќерки, Луна и Срна, тие во 2023 година објавија дека се разведуваат. Веста за разделбата ја изненади јавноста, но уште поголем шок уследи кога недолго потоа Милица дозна дека боледува од ретка мезентерична циста.
Овој редок тумор носел само 30% шанси за преживување при операцијата. Сепак, операцијата била успешна и Милица денес гордо го носи својот белег како симбол на борба и сила. Таа преку социјалните мрежи испрати емотивна порака, во која нагласи дека токму лузните се оние што нè прават уникатни и вистински убави. Нејзините зборови добија бројни поддршки и инспирираа многумина.
Во меѓувреме, Алекса Перовиќ во 2025 година повторно се ожени со Исидора, која наскоро му роди син. Иако нивната семејна среќа требаше да биде безгранична, врз Исидора падна огромен притисок поради шпекулации дека врската со Алекса започнала премногу брзо по неговиот развод со Милица.
Поврзани објави
Исидора одлучи да ја отвори душата на социјалните мрежи и да ги демантира гласините.
Не постои ништо полошо од бескрајните споредби меѓу мене и неговата поранешна сопруга“, напиша Исидора, нагласувајќи дека јавноста премногу лесно заборава на границата меѓу приватниот и јавниот живот.
Фото: printskrin Youtube Zvezde Granda