Експертот за говор на телото Џуди Џејмс го анализираше неодамнешното заедничко интервју на Меган Маркл и принцот Хари за CBS Sunday Morning. Таа наведе три клучни знаци кои покажаа како навистина се чувствува војвотката од Сасекс, пренесува Мирор (Mirror).
Меган Маркл и принцот Хари го претставија проектот The Parents Network, кој ги поддржува семејствата кои изгубиле деца поради самоубиство по инциденти на онлајн малтретирање. Според експертот, за време на разговорот со водителката Џејн Поли, Меган изгледаше како да бара „поддршка“ од принцот Хари. Емоциите беа опипливи во текот на разговорот, при што Меган понекогаш „се свртуваше кон нејзиниот сопруг за потврда“.
„Кога Меган ја раскажува својата приказна за самоубиствени мисли, таа изведува неколку ритуали со косата и лицето, но има и нагласена насмевка што укажува на тоа дека е храбра. Нејзината рака ја подаде да го држи Хари за ногата, како да бара негова поддршка, иако тој седи релативно мирен. наведнувајќи ја главата и гледајќи во нејзиното лице, изгледа како да е загрижен“, рече Џејмс.